Македонија 21. февруари 2019. / 10:53

Порака од Коцијанчиќ: Со роднини во администрацијата – нема реформи!

Порака од Коцијанчиќ: Со роднини во администрацијата – нема реформи!

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, за Пресинг ТВ порача да се ослободи јавната администрација од политички влијанија по последниот бран вработувања на најблиски од семејството, роднини, сопружници и сватови од страна на јавни функционери.

– Реформата во јавната администрација е особено важна. Во извештајот за напредокот во 2018 година истакнавме дека иако е направен добар прогрес, сепак е неопходна силна политичка посветеност која ќе гарантира професионализација на јавната адинистрација и особено почитување на принципите на транспарентност и еднаквост. – вели за Пресинг ТВ портпаролката на Европската Комисија Маја Коцијанчиќ.

Во моментов Антокорупциската комисија по вчерашната седница разгледува можни злоупотреби на 20-тина вработувања на имиња блиски на пратеници, министри и градоначалници во администрацијата и претрпријатијата во државна сопственост.