Македонија 17. јули 2020. / 11:51

Поради позитивен ковид тест затворена Општина Радовиш

Поради позитивен ковид тест затворена Општина Радовиш

Општина Радовиш денеска нема да работи поради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен во локалната самоуправа, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

Во текот на денешниот ден ќе извршиме дезинфекција на сите простории во општинската зграда, но и за време на викендот ќе ја следиме состојбата. В понеделник ќе видиме каква е состојбата и ќе информираме дополнително за понатамошното работење – рече градоначалникот Конзулов.

Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 10 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.