Македонската армиска гарда утре нема да го пречека грчкиот министер поради амблемите кои стојат на нивните униформи, а се уште не се променети, дознава порталот „Инфомакс“.
Според неофицијални информации, во текот на денешниот ден претставници на грчката амбасада биле во инспекција на гардискиот полк каде била констатирана „неподобност“ Македонската армиска гарда да го поздрави грчкиот министер за внатрешни работи.
Грчката амбасада правела и инспекција и на сите други натписи на армиските единици, но и на полицијата оценувајќи дали нашата полиција и војска се подобни да го пречекаат грчкиот министер за внатрешни работи Михалис Хрисохоидис.