Во интервју за Канал77, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на општина Центар, Сергеј Попов вели дека не се сеќава кога нивен предлог или барање било прифатенона седниците на општина Центар.
-Неможам да се сетам на конкретен пример кога наш предлог или наша критика на оние седници на Советот на општина Центар била прифатена. Иако има повеќе теми на кои ние како ВМРО-ДПМНЕ и тие како СДСМ имаме различни стојалишта, не се согласуваме, на крајот граѓаните да проценат кој е во право и кој заслужува да ја има довербата.
–Би се осврнал на неколку работи кои се главни и се крева прашина околу работењето на општината, како што е мораториумот за градба и ревизијата на ДУП-те што беше најавена. Ветувањето беше дека ќе се воведе мораториум за градба во оние ДУП-ви кои општината ќе ги процени дека се проблематични, но сведоци сме и ние како советници и сите граѓани кои зивеат во општина Центар дека во општината градењето не е сопрено, односно дека се гради.
-Би изразил на некој начин сомнеж дали мораториумот за градба се спроведува селективно, не важи за сите, бидејќи имаме градби кои се во фаза на темел. Ако добро се сеќавам градоначалникот на една седница на општина Центар дека ревизијата на ДУП-вите кои се проблематични ќе заврши за 6 месеци, ние како опозиција предупредивме дека тој рок е краток и општината нема да има време да го заврши и за жал, испаднавме во право, бидејќи дуп-те сеуште не се донесени и иднината на функционирањето на жителите на општина Центар се доведува до знак прашалник. Стигнаа информации до нас како советничка група дека два детални урбанистички планови во Маџар Маало биле вратени од страна на Град Скопје и Министерството за транспорт и врски и би сакал на тоа да ни одговори градоначалникот што се случува.
За крај тој се осврна на аерозагадувањето во општината за кое вели имало ветување дека веднаш ќе биде решено откако ВМРО-ДПМНЕ ќе си замине од власт.
–И би завршил со аерозагадувањето кое што е проблем долгогодишен во Република Македонија особено во Скопје, општина Центар. Би прашал дали постојат конкретни планови, анализи, проекции, што се случува со загадувањето, дали истото е намалено откако СДСМ е на власт, а ова е втор мандат и што се планира во иднина? Ветувањата беа само да си замине ВМРО-ДПМНЕ од власт и загадувањето ќе биде решено.