Македонија 14. октомври 2019. / 18:36

Попоски: Макрон и Меркел нема да разговараат за Македонија, има многу поважни прашања

Попоски: Макрон и Меркел нема да разговараат за Македонија, има многу поважни прашања

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски смета дека за датум не одлучуваме ние, туку 27 односно 28 земји членки бидејќи Велика Британија е се уште дел од ЕУ.

– Членки во ЕУ ќе станеме кога ќе се приближиме толку до европските стандарди што за нив ќе биде од прилика сеедно дали сме влегле или не. И мислам дека тој ќе биде главниот критериум по кој ќе се случуваат следните проширувања, рече Попоски.

Тој во своето обраќање рече дека Макрон и Меркел сигурно состанокот нема да го посветат на Северна Македонија, имајќи предвид дека има многу поважни прашања за разговори.