Македонија 10. април 2018. / 22:14

Поплавено шеталиштето во Охрид

Поплавено шеталиштето во Охрид

Шеталиштето во Охрид е покриено со вода. Нивото на Охридското Езеро, според последните информации, е на 694 метри надморска височина, што е 27 сантиметри над максимално дозволената кота, пренесе Плусинфо.

Дотокот на вода, сѐ уште е поголем од истекот, додека најавите за стабилно и топло време, со дневни температури повисоки од дваесеттиот степен Целзиусов, можат дополнително да ја усложнат ситуацијата ако дојде до брзо топење на снегот на Галичица и Петринска планина.