Пописот на населението се одложува за април 2021 година, дознава „Телма“. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска имал средба со премиерот Заев и се договориле дека нема простор Пописот да се одложи за идната есен, после изборите, бидејќи сепак 2020-та е изборна година. Статистика до крајот на неделава ќе достави предлог до Министерството за правда со кој бара одложување на оваа операција за 2021-та година.
Пописот првично беше закажан за терминот од 1 до 30 април 2020 та година, но сметките ги поматија предвремените парламентарни избори кои Заев го закажа за 12 април.