Македонија 13. март 2021. / 19:35

Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите

Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите

Попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите.

Државниот завод за статистика е подготвен најголемата статистичка операција да се спроведе по протокол без да се доведе во опасност здравјето на граѓаните.

Одложување засега нема, а тоа може да го побара само Комисијата за заразни болести. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски тврди дека попишувањето е побезбедно од одењето во продавница, пренесува „Телма“.