Македонија 07. април 2020. / 23:03

Помпео истакнува дека влезот на Македонија во НАТО колосално ја зајакнал Алијансата

Помпео истакнува дека влезот на Македонија во НАТО колосално ја зајакнал Алијансата

Американскиот државен секретар Мајк Помпео уште еднаш и честита на Македонија како 30. членка на НАТО.

На средба со новинарите Помпео изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата „колосално“ се засилила.

Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација – истакна Помпео.

Прес-конференцијата на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на корона вирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја насекаде низ светот.