Македонија 23. октомври 2019. / 21:31

Помпео го поздрави усвојувањето на протоколот за влез на Македонија во НАТО

Помпео го поздрави усвојувањето на протоколот за влез на Македонија во НАТО

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница, се вели во изјавата на државниот секретар на САД Мајк Помпео, објави Стејт департментот.

Усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на Северна Македонија кон членство во НАТО, изјави државниот секретар

– Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на државниот секретар Помпео.