Германија ќе ја помогне реконструкцијата на студентските домови во земјава, информираа денеска од Владата по завршувањето на 117-тата владина седница.
-Владата ја разгледа и усвои Информацијата за можноста за обезбедување на техничка помош од Владата на Германија за проценка и утврдување на потребите за реконструкција на студентските домови во Република Македонија, соопштија од прес-службата на Влада.
Во соопштението се додава и дека Владата го задолжила Министерството за образование и наука веднаш да пристапи кон подготовка на ранг листа на студентски домови во земјава по приоритет за инвестирање.