Македонија 26. март 2020. / 13:59

Помината границата од 200: Во Македонија има 201 заразен во 10 градови

Помината границата од 200: Во Македонија има 201 заразен во 10 градови

Со 24 нови потврдени случаи во последното деноноќие, вкупната бројка на луѓе заразени со вирусот Ковид-19 во Македонија ја мина границата од 200 лица и сега изнесува 201.

Од нив, најмногу се во Скопје (123), по што следуваат Дебар (43), од кои двајца се починати, како и Куманово (15) од кои еден починат. Останати градови каде што има регистрирано случаи на заболени со коран вирусот се:

– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Како што соопштија од Министерството за здравство, од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани два пациента кои на два контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување.

Со ова во земјата досега има три излекувани пациенти.