Македонија 26. мај 2020. / 19:09

Полицискиот час се укинува од утре?

Полицискиот час се укинува од утре?

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час, дознава ТВ21.

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата кои треба да започнат со работа од четврток (28.05.2020)

Одлуките официјално ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.