Македонија 09. март 2021. / 14:35

Полициски час од 22 до 5 часот од утре стапува на сила

Полициски час од 22 до 5 часот од утре стапува на сила

Донесена е одлука од страна на Владата од утре од 22 до 05 часот стапува на сила полициски час, потврди премиерот Зоран Заев. Ваквата одлука ќе трае во следните две недели, по што ќе се разгледува повторно и анализира епидемиолошката состојба.

Министерот Венко Филипче по вчерашната средба со Комисијата образложи дека овој предлог е поради тоа што изминатите недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење на заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Пред една година, на 21-ви март во земјава беше воведен за прв пат полициски час, поради опасноста од ширење на коронавирусот. Тогаш, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека „оваа ригорозна мерка се воведува за максимална заштита на населението од коронавирусот“.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.

Ако поради итноста на здравстената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медициснката документација по завршување на медицинскиот преглед.

Се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, March 9, 2021