Македонија,Регион 18. декември 2019. / 10:58

Полицијата во Србија за четири години смртно застрелала 11 луѓе

Полицијата во Србија за четири години смртно застрелала 11 луѓе

Полицијата во Србија од 2014 до 2018 година во 46 случаи употребила огнено оружје, а застрелала 11 луѓе со смртен исход. Како што пишува „Политика“ повикувајќи се на податоци на српското Министерство за внатрешни работи, сите се оценети како оправдани и правилни.

Како што објави весникот, полицијата употребила физичка сила, огнено оружје, службени палки и други принудни средства во 172.644 случаи.  Најмногу од тие полициски акции биле во Белград (39 проценти), а најмалку во Ниш.

Во 29 случаи имало сериозни повреди, додека 670 лица се полесно повредени.