Македонија 17. јуни 2018. / 21:56

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.

Протестот, организиран преку социјалните мрежи, ескалираше откако дел од демонстрантите фрлаа со камња и факли кон полицијата и се обидоа да го пробијат кордонот за да влезат во Собранието, по што припадниците на ЕБР со оклопни возило ја растурија толпата.