Македонија 09. август 2018. / 14:15

Полицијата распуштена како никогаш до сега

Полицијата распуштена како никогаш до сега

Несекојдневна појава во македонските коцкарници. Како никогаш досега, џекпотите завршуваат во џебовите на полицајците. Почитувани читатели, свесни сме дека во последнава година се изнагледавте и се изнаслушавте, а и на свој грб почувствувавте каков башибозлук ја запоседнал полицијата, но ова досега сигурно не сте го виделе.

Полицаец и полицајка седнати во коцкарница на автомати и играат за џекпот. Невидено, но за жал, во Македонија, далеку од ненормално.

Кога може полицијата да биде такси-служба за децата на вработените во МВР, кога може да апси веќеуапсени терористи, да паркира непрописно само затоа што е полиција, зошто да не можат полицајци во работно време да свртат една на автомат.

Оваа тажна слика е уште еден доказ дека со МВР владеат структури кои се неспосбни да воведат ред и полицијата да го добие соодветното место во општеството. Наместо да поттикнат на ред и да бидат пример, полицајци седнати на автомати оставаат впечаток дека во оваа земја секој може да прави што сака, да ја погазува службата, а над се државата.

Нема почит македонската полиција, а ако рибата смрди од главата, вината е само нивна – Оливер Спасовски и Зоран Заев.