Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека сите структури на министерството се вклучени во активности за спречување на ширењето на корона вирусот.
Како што информира министерот, во рамки на активностите преземени од МВР, граничната полиција дели печатен материјал со информации поврзани со мерките кои се преземаат за заштита од корона вирусот, а на вработените им се дадени заштитни маски и ракавици.
– Ќе спроведеме итна јавна набавка за заштитна опрема и дезинфекциони средства за сите вработени во МВР да бидат соодветни заштитени. Инаку во овој момент МВР е ангажирано за 24 часовно обезбедување на еден објект во Скопје и 4 објекти во Струмица каде согласно насоките од Министерството за здравство, лицата кои живеат во тие објекти се во карантин – информира Чулев.