Македонија 24. април 2018. / 12:44

Полицијата ќе вежба на охридското пристаниште

Полицијата ќе вежба на охридското пристаниште

По повод 7 мај- Денот на македонската полиција, почнувајќи од денеска и наредните денови на Градското пристаниште во Охрид ќе се реализираат подготовки за показната вежба предвидена за 5 мај.

Во рамки на подготовките ќе бидат употребени и техничко- тактички средства и опрема.

СВР- Охрид ги известува граѓаните да не се вознемируваат, дека се работи за подготовка за демонстрацијата на подготвеноста на полицијата по повод претстојниот празник.