Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски реагира денеска на социјалните мрежи со фотографија на која се гледа полицаец и неколку капачи. Вели дека државата не може да го ограничи верското дејствување.
„Немам проблем со почитување на ред, закон, правила. Имам проблем со ДВОЈНИ СТАНДАРДИ…Ако вака државата постапуваше во сите случаи, ќе беше различно…
Со Уставот на Република Македонија е загарантирано дека државата не смее да го ограничи верското дејствување ниту во вонредна ситуација, а обичајот денес е верски и само верски…
Ако МПЦ не изреагира, после апсењето на луѓето во Орман, попот и верниците во Брвеница и денешниве казни за бањање во езеро, тогаш слободно однесувајте се спрема црковната јерархија како приватно елитно друштво на Владата и Зоран Заев…
Уставниот суд треба да се стави на тест, зошто ваквите постапки на МВР не само што се противзаконски, туку се и противуставни. Уставниот суд може да дејствува во ваква ситуација, секако ако постои за граѓаните, а не за монархијата.
Обезбедете вакцини и оставате ги луѓето на раат, пишува Димовски.
Немам проблем со почитување на ред, закон, правила…
Имам проблем со ДВОЈНИ СТАНДАРДИ…Ако вака државата постапуваше…
Posted by Илија Димовски on Tuesday, January 19, 2021