Македонија 05. декември 2019. / 13:20

Полиција влезе во фирмите на Камчев, а утре тој треба сведочи за „Рекет“

Полиција влезе во фирмите на Камчев, а утре тој треба сведочи за „Рекет“

Орце Камчев утре во судница ќе сведочи за случајот „Рекет“. Сведочењето на Камчев е по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, пишува Курир.

Денеска пак во тек е полициска акција во неколку фирми кои се во сопственост на Орце Камчев.

Една од фирмите е фирмата „Монт“ која е дел од Орка Холдингот. Другата фирма е „Горфактори“ од Шпанија. Обвинителството нема детали за акцијата.