Македонија 30. ноември 2020. / 12:45

„Полицајката со пајакот“ го напушти МВР: Не можам да го поднесам системот на криминалците и лигушите

„Полицајката со пајакот“ го напушти МВР: Не можам да го поднесам системот на криминалците и лигушите

Полицајката која беше нападната од висок член на скопското крило на ДУИ го напушта МВР затоа што веќе не можела да го издржи системот во кој “министерството го водат криминалци” јавуваат повеќе извори.

Полицајката која се обиде да напише казна за погрешен паркинг на висок функционер на ДУИ во близина на трговскиот центар Мавровка по што беше физички нападната си заминува од МВР, објавила самата на Фејсбук, пренесуваат нејзини блиски.

– Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде дојде време на криминалците и лигушите, пишува во нејзината објава што ја пренесуваат повеќе извори на социјалните мрежи.

Оваа полицијка, Јасмина Ангелеска, на јавноста ѝ е позната од случката со „пајакот“ заради која беше на средба и со Оливер Спасовски.

Во продолжение еве го и нејзиниот Фејсбук статус каде објаснува зошто го напушта МВР.

 

Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу…

Posted by Jasmina Angeleska on Sunday, November 29, 2020