Македонија 27. декември 2018. / 20:56

Полицајци ќе им бидат редовни „гости“ на Камчев и Панделески

Полицајци ќе им бидат редовни „гости“ на Камчев и Панделески

Откако ќе излезат од истражниот затвор “Скопје”, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески нема да смеат да ги напуштат своите домови, бидејќи Апелациониот суд им одреди мерка куќен притвор, пренесе Фокус.

На Камчев и Панделески чести гости ќе им бидат полицајци, кои по неколку пати во денот ќе проверуваат дали се дома. Побарано е полицијата неколку пати во денот, ненајавено да вршат контроли, што е наведено и во решението на судот.

Доколку полицијата утврди дека не се дома, веднаш ќе им биде вратена мерката притвор.