Македонија 29. август 2019. / 13:01

Поднесени се повеќе од 40 амандмани за новиот закон за јавно обвинителство

Поднесени се повеќе од 40 амандмани за новиот закон за јавно обвинителство

Артан Груби, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, денеска ја отвори седницата на која ќе се расправа по Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Тој соопшти дека се поднесени повеќе од 40 амандмани на Предлог-законот, од кои околу 20 од ВМРО-ДПМНЕ, 16 од СДСМ и коалицијата, 10 од ДУИ и три од пратеничката Сурија Рашити.

Веднаш по отворањето на седницата, Груби даде пауза за членовите на Комисијата да можат да ги разгледаат амандманите. Најави дека расправата во Комисијата за европски прашања за Предлог-законот за јавно обвинителство може да трае најмногу два работни дена.