Македонија 05. јули 2018. / 10:34

Почнува пишувањето на новата историја, се менуваат само македонските учебници

Почнува пишувањето на новата историја, се менуваат само македонските учебници

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека вчера и завчера во Софија се одржала првата средба на заедничката мултидисциплинарна Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Формирањето на оваа комисија е дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Досега само член на комисијата и од бугарска страна отворено изјави дека „ако Македонија не ги смени учебниците по историја, нејзиниот европски пат станува неизвесен“.

Првиот бугарски амбасадор во Македонија, Ангел Димитров, смета дека треба да се омекнат учебниците во Македонија, да се променат одредени формулации, да се дополнат одредени информации, што би подразбирало комплетна промена на македонските учебници.

Во комисијата членуваат и професорите од ИНИ – Ванчо Ѓорѓиев, Петар Тодоров, Дарко Стојанов, како и историчарот Александар Литовски од Заводот и музеј – Битола. Членови се и професорката Љубица Спасовска, научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија и Љупчо Ристески, антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ.

Од бугарска страна, членови на оваа комисија се Ангел Димитров, првиот бугарски амбасадор во Македонија (од 1994 до 2001 година), претседал на групата, а негов заменик е историчарот Наум Кајчев, професор по современа историја на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ и поранешен генерален конзул во Битола и Торонто. Членови се и д-р Момчил Методиев, главен уредник на изданието „Вера и општество“, поранешен дипломатски службеник во Министерство за надворешни работи, доктор по историја.