Македонија 17. мај 2018. / 19:58

Почнува дијалогот Жан Моне во Охрид

Почнува дијалогот Жан Моне во Охрид

Парламентарните партии ќе ја усогласуваат работата на законодавниот дом.. Вечерва почнува првата средба во рамки на процесот Жан Моне.. Состанокот ќе го отвори европратеничката тројка Вајгл, Флекенштајн и Кукан на чија иницијатива и се одржува дводневната средба.. Покрај нивните обраќања, свој говор ќе има и еврокомесарот Јоханес Хан кој пред учесниците во процесот Жан Моне ќе се обрати преку видео врска, јавува Сител.

Официјалниот дел од состанокот стартува утре наутро со разговори меѓу координаторите на пратеничките групи и дел од народните избраници.. Жан Моне предвидено е да заврши во вечерните часови со лидерска средба.. На иста маса е планирано да седнат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и четворицата лидери на партиите од албанскиот политички блок..

Тоа ќе биде и прва заедничка средба по денешните разговори на премиерот Заев со неговиот грчки колега Ципрас на која се разговараше за изнаоѓање решение на спорот со името..

Инаку процесот Жан Моне треба да помогне во донесувањето на новиот деловник за работа на Парламентот, усвојување на Етичкиот кодекс и буџетската независнот на Собранието.. Три дена расправа за секој закон, независен статус на собраниската администрација, двотретинско мнозинство за законите во скратена постапка се дел од отворените прашања кои треба да ги разреши Жан Моне процесот.