Македонија 28. мај 2020. / 21:45

Почна скринингот на вработените во градинките во Прилеп, во градот нема новозаболени

Почна скринингот на вработените во градинките во Прилеп, во градот нема новозаболени

Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, но регистрирано е дека четворица оздравеле од оваа заразна болест.

Од прилепскиот Центар за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, се регистрирани вкупно 211 лица позитивни на Ковид-19. Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.

Центарот за јавно здравје денеска го започна скринингот на вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето ќе трае и утре и ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките.