Македонија 21. август 2020. / 13:11

Почна продолжението на конститутивната седница во Собранието

Почна продолжението на конститутивната седница во Собранието

Во моментов во законодавниот дом се одржува продолжението на конститутивната седница на која Талат Џафери, досегашниот спикер, треба повторно да биде избран за претседател на Собранието.

Пратеничката Гордана Силјановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ упати критика до Талат Џафери затоа што во последен момент ја закажал седницата, а не неколку дена претходно како што било ред.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме” со Беса, ДУИ и ДПА.

Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

Поради пандемијата, конститутивната седница се одржува под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови се поставени средства за дезинфекција.