Македонија 17. април 2020. / 16:00

Почна 85-часовниот полициски час во Македонија

Почна 85-часовниот полициски час во Македонија

Попладнево во 16 часот, стапи во сила забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до вторник до 5 часот.

Со ова, почна 85-часовен полициски час за сите граѓани на територија на целата држава.

Исто како и претходниот викенд кога забраната за движење важеше 61 час, забраната не се однесува на полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Маркетите без соодветна дозвола за работа за време на полицискиот час, ќе бидат санкционирани.

За земјоделските активности, дозволено е движење во атарот на селата, исклучиво за работните потреби.