Македонија 08. декември 2020. / 20:36

Починаа 28 лица во последните 24 часа, нови 1120 случаи со Ковид 19

Починаа 28 лица во последните 24 часа, нови 1120 случаи со Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 916 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-52, Дебар-4, Штип-42, Прилеп-61, Тетово-35, Струга-29, Велес-41, Битола-79, Охрид-36, Кавадарци-24, Гостивар-62, Гевгелија-15, Струмица-24, Крива Паланка-12, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Пехчево-3, Берово-10, Валандово-3, Виница-10, Кратово-2, Свети Николе-14, Кичево-39, Ресен-2 и Неготино-26.

Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854.