Во изминатото деноноќие починал еден пациент од Тетово, а тројца тетовци се заразени со корона вирусот. Како што соопштија од министерството за здравство. починатиот тетовец од 14 мај бил на болничко лекување во ГОБ „8 септември“.
Со ова вкупната бројка на заразени во Тетово се искачи на 150 пациенти, од кои 66 се активни во моментов.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382 лица.