Македонија 29. јануари 2019. / 20:44

Почина 33-годишен битолчанец поради лекарска негрижа?

Почина 33-годишен битолчанец поради лекарска негрижа?

Информација дека маж на возраст од 33 години од Битола, починал поради лекарска негрижа, се појави на социјалните мрежи, дознава Нетпрес.

Според статусот споделен на Фејсбук, тој при скијање си го повредил коленото, па му бил направен хируршки зафат, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Но, поради лекарска негрижа не му бил даден антикоагулант или конкретно „Клексан“  и младиот битолчанец починал.