Македонија 02. ноември 2019. / 17:37

Почесниот конзул на Македонија во Хрватска си поднесе оставка: Слушам дека сум неподобен за сегашните македонски власти

Почесниот конзул на Македонија во Хрватска си поднесе оставка: Слушам дека сум неподобен за сегашните македонски власти

Долгогодишниот почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера денеска на Фејсбук информираше дека побарал да биде ослободен од функцијата.

Во писмото од 1 ноември доставено до Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку амбасадата во Загреб Калоѓера пишува:

Со оглед дека десет години служев како почесен конзул, најпрво би сакал да се заблагодарам на МКД „Илинден“ на чија иницијатива бев избран. За време на овие десет години, имав одлични соработници со Градот Ријека, Округот Приморе – Горски котар, Филозофскиот факултет во Риека и Универзитетот во Риека. Би сакал да се заблагодарам и на соработката на моите колеги од македонските научни институции, со кои остваривме одлични резултати во последните десет години.Моето заминување од позицијата почесен конзул не значи дека престанува и мојот постојан интерес за Македонија, нејзината литература, јазик, култура, историја. На сите кои ми изразија поддршка, на моите македонски пријатели и на моите поранешни студенти – Големо благодарам“, напиша конзујлот Калоѓера на Фејсбук.

Вчера, Калоѓера на некој начин го најави ова со прашање дали тоа некој сака да се ослободи од него:

Веќе подолго време слушам од сите страни гласини дека сум неподобен за сегашните македонски власти и дека би биле најсреќни доколку ме „испрателе со почести и почести“ во конзулска пензија, напиша Калоѓера на Фејсбук.