Македонија 07. септември 2020. / 09:45

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

По повод 8-ми септември – Денот на независноста вечерва ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Од Армијата информираат дека во 18:30 од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на пет плотуни од артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата на Република С. Македонија.