Македонија 12. декември 2018. / 21:21

По тензиите околу Договорот од Преспа се јави Нимиц – еве што порача

По тензиите околу Договорот од Преспа се јави Нимиц – еве што порача

Подготвени сме да бидеме од помош како што процесот се предвижува напред, изјави медијаторот за грчката агенција АНА-МПА.

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу двете држави, изјави Нимиц денеска во Њујорк, по средбата со грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

– Како претставник на Обединетите нации подготвени сме да бидеме од помош како што процесот се предвижува напред. – кажа Нимиц.

Нимиц посочи дека во изминативе месеци бил во контакт со двете страни, но, одби да коментира за политичкиот процес што се одвива и во Македонија и во Грција.

– Ако и двете страни имаат потреба од моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат. – нагласи Нимиц.