Статистиката на „worldmeters.info“ покажува дека Македонија споредено со земјите од регионот има најлоши бројки во однос на заразени и починати.
Според податоците за заразени на милион жители, Македонија е на прво место на Балканот, а со 3.893 заразени на милион жители, во светски рамки го држиме 39. место.
А, уште полошо е во статистиката за починати на милион жители. Во оваа статистика Македонија е на 25. место во светот.
Светски просек е 73,4 починати на милион жители, а ние сме на 183 што е 2,5 пати повеќе од светскиот просек.
Инаку, од Балканот според починати на милион жители по нас се: Романија (37 место – 98 починати на милион), Босна (48 место – 67 на милион), Турција (51 место – 64 на милион), Словенија (56 место – 53 на милион), Србија (63 место – 45 на милион) …
Македонија е негативен лидер во Европа и меѓу најлошите во светот во справување со корона кризата. Нашата земја има најголем број новозаразени на целиот континент, со 93,1 на милион луѓе. Под Македонија е и една Белорусија, каде речиси нема никакви мерки за справување со коронавирусот.
Македонија е меѓу негативните лидери и во светот, во делот на справување со самата корона криза. Според сајтот „ендкоронавирус.орг“, и тука е ставена во најлошиот сегмент, меѓу земјите кои треба да преземат акција, заедно со држави како Афганистан, Ирак, Кенија, Мали, Сомалија, Јужен Судан.