Македонија 16. May 2019. / 14:18

По скандалот со Павле: СДСМ со иницијатива за легализација на марихуаната

По скандалот со Павле: СДСМ со иницијатива за легализација на марихуаната

Пратеничката Јулијана Николовска од СДСМ најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска употреба како што беше досега, туку за општа употреба, иако како што вели ова не било поради скандалот со Богоевски.

Не сакаше да коментира за нејзиниот колега Павле Богоевски и рече дека аудиоснимката на која се слуша неговиот глас не е докажано дали е автентична.

– Во оваа снимка што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за напад на достинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот. – рече Николовска.

Инаку, снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.

– За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно. – напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

Пратеникот на ДУИ Артан Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи пак рече дека сите патишта за бомбите водат кон Заев, додека Тортевски се огласи за ситуацијата со Богоевски и порача дека 0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто и следи најмалку година затвор.