Македонија 12. ноември 2019. / 10:59

По реакциите во јавноста, Владата ги повлекува предлог-измените на Закон за протести

По реакциите во јавноста, Владата ги повлекува предлог-измените на Закон за протести

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири, има простор за разговори и подобрувања согласно Уставот, соопштија денеска преку соопштение.

Владата ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација. Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи исклучиво во согласност со Уставот.

Предлог законот предвидуваше и забрануваше организирање на јавни собири пред и околу објектите на државната власт односно пред било која државна институција