По полноќ во Собранието се уште трае расправата за Предлог-законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.
Законското решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.
По дадената пауза од половна час, опозициските пратеници дискутираат, додека пратениците од мнозинството никаде ги нема.
Опозицијата , како што вели, се спротивставува на очигледниот криминал со предложениот закон, меѓутоа зборовите не допираат до владеачкото мнозинство.
Неколку часа воопшто нема никаква реплика од нивна страна.
Исто така претставниците на Владата , Бектеши и Бочварски се тотално незаинтересирани , а и тие често отсуствуваат од сала иако прашањата и зборовите им се упатени ним, велат од опозицијата.
„Предлог Закон за решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Макпетрол по пат на спогодба која не е во надлежност на Собранието на Република Македонија. Бидејќи спогодбата не претставува меѓународен договор кој треба да биде ратификуван од страна на Собранието на Република Македонија. И не е прв пат да се прават вакви преседани и доколку сите го почитуваме Уставот и треба да е така но во пракса гледаме дека не е така. Требаше претходно да го послушате народот пре да направите уставни измени и требаше да го послушате народот што мисли за вашите договори со Бугарија. А, не за тоа да кажувате дека тука не е местото, а за договор помеѓу два субјекти е тука местото“, истакна
„Ако по утрото денот се познава во овој случај ќе значи дека ако главен преговарач и потписник на спогодбата за регулирање на меѓусебните односи помеѓу Макпетрол која е прилог на предложениот закон е Зоран Заев можеме да сме сигурни што се има договорено и на чија штета ќе биде и овој договор“, појасни Аџиоски.
„Сега со овој договор истргува 33 милиони евра, народни пари да завршат на сметката на Макпетрол“, рече Аџиоски.