Македонија 11. ноември 2019. / 11:22

По инцидентот во ОХИС: Траги од токсичниот метил акрилат има

По инцидентот во ОХИС: Траги од токсичниот метил акрилат има

Траги од метил акрилат мономер има во цефките на цистерната потврди акредитираната лабораторија при штипскиот универзитет. Според анализите, испарувањето внатре е забележано, но не и надвор. Оваа токсична хемикалија не испуштила никакви супстанци надвор во воздухот, јави Сител.

Брифингот во министерството е во тек, министрите смируваат нема простор за паника кај населението.

Истекувањето на материите се случило во кругот на Органско Хемиска Индустрија “Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината.

Сомнително е што за ова се дозна по неколку дена, откако граѓаните се пожалија на непријатна миризба и печење на очите и дишните патишта, додека фирмата која управува со хемикалиите не алармираше.

По информациите во јавноста, во кругот на ОХИС беа пратени војници и полицајци, кои требаше да помогнат во справување со ситуацијата.