По информацијата дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, е заразен со корона вирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека новинарката Душица Мрѓа, која ја водела дебатата меѓу заразениот Зекири од СДСМ и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.
Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.
Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија, велат од телевизијата