Македонија 14. април 2019. / 16:03

По дебатата на СИТЕЛ, Пендаровски ја промашил колата – влегол во автомобилот на Сиљановска

По дебатата на СИТЕЛ, Пендаровски ја промашил колата – влегол во автомобилот на Сиљановска

Жестока дебата се водела во емисијата „ДЕТЕКТОР“ на ТВ Сител, дознава Лидер од извори во телевизијата. По дебатата, во која учествуваа тројцата претседателски кандидати, збунетиот Пенаровски наместо во автомобилот со кој го донеле во телевизијата – влегол во автомобилот на кандидатката на опозицијата Гордана Сиљановска Давкова.

-Во текот на целата дебата, Пендаровски беше нервозен, возбуден, што предизвика чудење кај нас. Личеше дека не ги држи конците во рака. – сведочи за Лидер еден од присутните во публиката.

Целата дебата, гледачите ќе може да ја проследат денеска во 16:30 на ТВ Сител.