Македонија 22. ноември 2018. / 18:13

По цели 10 дена Спасовски сеуште утврдува како Груевски побегнал во Унгарија

По цели 10 дена Спасовски сеуште утврдува како Груевски побегнал во Унгарија

Внатрешната контрола на МВР и Јавното обвинителството се уште утврдуваат како поранешниот премиер Никола Груевски побегна во Унгарија.

По цели 10 дена, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека истрагата треба да покаже каде потфрли безбедносниот системот, бидејќи сите гранични премини биле информирани дека Груевски не може да ја напушти државата со лична карта.

Управата за јавни приходи е без конкретен одговор дали и како Груевски ги испразнил банкарските сметки пред да замине за Унгарија. Лукаревска вели тоа е даночна тајна.

Откако вчера унгарските власти ја исклучија можноста за екстрадиција на Груевски, со став се јави и Стејт департментот.