Македонија 18. април 2020. / 22:57

По 85-часовниот полициски час забранет организиран превоз за влез и излез од Општина Тетово

По 85-часовниот полициски час забранет организиран превоз за влез и излез од Општина Тетово

Владата донесе одлука дека од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.

„Исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана – Армијата на Република С. Македонија, како и вработените во територијалните противпожарни единици во овие општини“, се вели во владиното соопштение.