Македонија 30. декември 2020. / 08:34

По 100-те дена Влада, први пратенички прашања во Собранието

По 100-те дена Влада, први пратенички прашања во Собранието

Поставување пратенички прашања е на дневен ред на денешната 27-та седница на Собранието на Република Македонија.

Како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери на вчерашната средба со новинарите, седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица. Секое трето прашање на седницата, која ќе започне во 11 часот, ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ.