Македонија 08. јули 2018. / 21:52

Плоштадот во Струмица: Грчкото знаме во центар, македонското го нема

Плоштадот во Струмица: Грчкото знаме во центар, македонското го нема

Меѓу дваесет знамиња, кои го симболизираат стремежот на Струмица за европска Македонија, поставени на струмичкиот плоштад, македонското знаме го нема.

Пред струмичката гимназија се веат знамињата на Велика Британија, Романија, Словенија, Србија, Финска и Шведска, но не и македонското сонце.

Она што е уште позабележливо е тоа што локалната власт оценила дека грчкото знаме треба да стои централно на плоштадот. Ова е истата локаланта власт, на чие чело до неодамна беше Зоран Заев, кој во моментов ја извршува функцијата претседател на Владата.