Идејата за одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на издавањето на плажите под концесија, повторно се актуелизира, но откако веќе помина летната сезона. Предлог законот за градење, кој е основа за тоа, како што дознава Алсат, веќе бил готов и е на разгледување кај коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ. Неговата цел е централната, а не локалната власт, да ги дава плажите под наем.
–Предлог-текстот за новиот Закон за градежно земјиште е доставен од страна на група пратеници и во моментов е во фаза на координација помеѓу пратеничките групи – велат од Министерство за транспорт и врски.
Плажите покрај Охридското езеро подолго време работат без концесии бидејќи тие им се истечени, но газдите и понатаму стопанисуваат со нив и заработуваат. На оние во Охрид концесиите им се истечени во 2018 година, додека во Струга уште од 2016-ттта. Во една ваква несредена ситуација, граѓаните имаат поделени мислења кој треба во иднина да ги издава плажите.
Инаку, Aтикорупциската комисија веќе проверува дали и формално-правно со плажите се работи на диво бидејќи концесиите се истечени.
Министерот за транспорт, Горан Сугарески пак, уште на почетокот на март најави дека државата ќе ги издава плажите под концесија наместо општините, со образложение дека тоа се прави затоа што тие не можат да се справат со проблемите.
Охрид ја поздрави ваквата најава, но струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, најави дека ако се донесе таков закон, тој ќе го обжали пред Уставниот суд, а ако треба, ќе си поднесе оставка од функцијата.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.