Македонија 13. декември 2018. / 11:51

Пимен сведок за 27 април: Бетмен имаше потреба да ми се исповеда за настаните

Пимен сведок за 27 април: Бетмен имаше потреба да ми се исповеда за настаните

„Богдан Илиевски ми е пријател од Охрид, но и не само тоа, туку тој е мое духовно чедо“, рече денес отец Пимен почнувајќи го своето сведочење на рочиштето за 27 април, пренесе МКД.мк.

Застанат на пултот за сведоци отецот откако ја даде заклетвата дека ќе ја зборува вистината, зборуваше и за пријателството со обвинетиот Бетмен и за тоа како со него се запознал преку социјалните мрежи и се споиле заради лична правдина.

Пимен посочи дека него го нарекувале и „шарениот владика“, појаснувајќи дека овој епитет го добил откако им дал поддршка на ставовите на Шарената револуција.

– Кај Богдан се јави интимна потреба за лична исповед и го познавам многу длабоко. Цело време беше во истиот дух и убеденост, а сето тоа го правеше без паричен надомест и без намера за напредок во кариерата. – сведочеше отец Пимен. Сведокот го пофали Богдан Илиевски и за тоа како успевале на протестите „За заедничка Македонија“ да го смируваат народот, а и за тоа дека го собирале ѓубрето по завршување на протестите.

Отец Пимен рече дека се сретнал со обвинетиот Богдан и на 28 април и дека овој му кажал дека треба да си го вратат угледот и дека намерата не им била да се влезе во Собранието.