Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово и кандидат за пратеник, Бране Петрушевски, предложи обединување на сите функционери од градот со цел да се дефинираат стратешките приоритети и проекти за градот.
Петрушевски предлага по парламентарните избори да има спојување на силите на сите пратеници, евентуални министри и државни функционери за да се спроведе заедничка реализација за дефинираните приоретни шпроекти за граѓаните
„Поттикнат од конфликтите заради лични суети помеѓу кумановските функционери, што носи само штета на Куманово и кумановци, давам предлог на градоначалникот Димитриевски:
Ајде после парламентарните избори, без разлика кој ќе победи, кој ќе биде власт или опозиција, градоначалникот да ги собере сите пратеници, евентуални министри и државни функционери од Куманово, да седнеме заедно на иста маса и да ги дефинираме стратешките приоритети и проекти за општина Куманово заеднички, и да се обврземе дека во текот на мандатот заеднички ќе се бориме за нивна реализација.
Јас го давам предлогот, на Димитриевски е да го прифати и реализира, како градоначалник на општина Куманово“ – напиша Петришевски на социјалните мрежи.