Македонија 09. октомври 2019. / 10:30

Петрит Сарачини со чудно толкување: Пилоти или пилот проекти?

Петрит Сарачини со чудно толкување: Пилоти или пилот проекти?

Активистот Петрит Сарачини, кој е ангажиран во пи-ар службата на Владата, на неговиот твитер профил даде чудно толкување откако вчера јавноста разбра дека власта им ветила на арачиновци 300 вработувања за пилоти.

Тој на твитер прашува: Која е разликата меѓу „пилот-проекти за вработување“ и „проекти за вработување пилоти“? Додавајќи дека тоа ќе се дознае во следната епизода која ја нарекува „Изгубени во преводот“.